(ВИДЕО) Бесниот Мајк Тајсон претепа човек во авион

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (55) направи тежок инцидент во авион.

Тајсон бил изнервиран од еден од патниците кој со однесување ги преминал сите граници, па славниот боксер решил да реагира.

Ајрон Мајк се сврте кон момчето што го малтретираше, а потоа му зададе неколку удари, пишува TMZ. Овој момент бил снимен и изгледа ВАКА.

Тајсон бил многу добро расположен пред летот. Се фотографирал со момците, но тие потоа почнале да се исмејуваат со познатиот шампион. Ова особено важело за типот кој седел зад Мајк и ги преминал сите граници.

Шампионот решил потоа да реагира. Тој се свртел и почнал да го тепа момчето, а потоа истиот ги покажал траги од удари во главата.