ВИДЕО: Бернардески, несреќо една! Дамата зависеше од твојот лош потег!

Јувентус долго ќе го демне синоќешниот м аестрален потег на Бернардески, но и неговото епско промашување или неснаоѓање од мртов агол.

На „старата дама“ синоќа и требаше уште еден гол за пласман во четвртфиналето, а фановите на Јувентус и понатаму ќе ги боли промашувањето на нивниот играч.

Акцијата која на почеток можеби и не ветуваше ништо посериозно, подоцна се изроди во колосална шанса, која Бернардески сам успеа да ја утне од неверојатен агол, од каде секој искусен играч би успеал да реализира гол.