(ВИДЕО) Бенфика искористи изјава од мајка му за да го уништи Роналдо на Твитер

Мајката на Кристијано Роналдо неодамна изјави дека во младоста португалскиот ас бил голем навивач на Бенфика, но сепак играше во младинската школа на градскиот ривал Спортинг од каде во 2003 година се пресели во Манчестер Јунајтед.

Бенфика ја искористи изјавата за да го понижи и Спортинг, но и Роналдо. На Твитер објави поучно видео за родителите, поучувајќи дека е потребна само една грешка за да се уништи детскиот сон и во исто време им порача дека треба од првиот ден да ги учат децата на вистинските вредности.