(ВИДЕО) Бекам блескаше – поради неговите додавања навивачите посакаа и денес да игра за Јунајтед

Легендарниот Дејвид Бекам денес со своите потези ја воодушевуваше публиката.

Искусниот 44-годишен Англичанец  во мечот во кој Јунајтед славеше над Баерн со 5-0 беше стрелец на петтиот гол кој го постигна по одличниот потег откако се ослободи умешно од противничкиот играч.

Бекам освен тоа на самиот почеток на мечот во еден напад на „црвените ѓаволи“ испрати совршено прецизна топка на спротивната страна, а потоа во истиот напад успеа сјајно да центрира во противничкиот шеснаесетник.