ВИДЕО – Бари 1991 е се уште гордост за Црвена Звезда: Дарко, Дарко, Даркоооооооо!

На денешен ден во Бари, Италија, Црвена Звезда го постигна најголемиот клупски успех кој може да биде остварен за клуб од балканските простори, освојување на ЛШ.

Во финалето Црвена Звезда беше подобра од Олимпик Марсеј по изведување на пенали.

Во тогашно време, ударното оружје во нападот беше и македонскиот фудбалер Дарко Панчев, кој го шутна клучниот, односно последниот пенал со кој белградската екипа стана европски шампион.

На постарите генерации кои ја следеа Црвена Звезда, се уште им ѕвони во уши коментарот на новинарот кој го водеше преносот…. „Дарко, Дарко, Даркооооооо!, Црвена Звезда е шампион на Европа!