ВИДЕО: Австриецот Рајхелт имаше стравично излетување на спустот во Бормио

Австриецот Ханс Рајхелт, доживеа денеска голема несреќа во Бормио.

Тој при брзина од околу 100 километри на час, заврши во една од заштитните огради, а изгледа дека е и тешко повреден, откако забележа стравичен пад на едно од колената.

Спустот во Бормио важи за еден од најопасните, а сега имавме шанса да се увериме во тоа.

Излетувањето беше навистина стравично, по што со хеликоптер тој беше однесен во најблискиот клинички центар.