ВИДЕО: Атрактивната Волански по упадот на ЛШ финалето – направи милиони

Атрактивната девојка која влета на сред натпревар во костим за капење и за момент го прекина финалето од ЛШ (Ливерпул – Тотенхем), му заработила профит на својот дечко од 3.5 милиони евра, проценуваат маркетиншките агенции ширум светот.

Кинзи Волански влета на терен со натпис на градите „Vitaly Uncensored“, што е назив за порно сајт на нејзиниот дечко, Витали Здоровјецки.

Како стои во извештаите, Кинзи платила казна од 15.000 евра, што е обична ситница наспроти бруталната заработка понатаму.

Споменатиот сајт добил милиони нови посетители по тој чин. Прецизно, сега има околу 32 милиони регистрирани членови, што за 5 пати поголем од претходниот.