Гоут Гоут, австралиски тинејџер кој има само 16 години, истрча трка на 100 метри за 10,04 секунди и победи на училишен натпревар одржан во Квинсленд. Поради силината на ветрот што дува со брзина од 3,4 м/с во неговиот грб, резултатот нема да биде официјално регистриран, но неспорно е дека светот доби нова спринтерска сензација.
Неговото време е четврто најбрзо во историјата до 18 години. Најбрзата трка во оваа возрасна категорија во историјата ја истрача, Американецот Ерион Најтон во 2021 година. Со помош на ветрот истрча 100 метри за 9,99 секунди.
Во финалето на натпреварот, неверојатниот 16-годишник истрча 100 за 10,17 секунди, соборувајќи го својот личен рекорд кој изнесуваше 10,29, а воедно и австралискиот рекорд до 18 години.
Гоухт Гоут веќе го споредуваат со најбрзиот во историјата Усеин Болт, го привлече вниманието пред две години, кога како 14-годишник истрча 100 метри за 10,57.
Еден ден подоцна, тој го собори неофицијалниот светски рекорд на 200 метри до 16 години, кој беше во сопственост на Јусеин Болт. Тој забележа време 20.04 секунди и го надмина достигнувањето на славниот ас од Јамајка за девет стотинки.
Роден е во Австралија, каде што неговите родители емигрирале од Јужен Судан. Во август годинава трката на 200 метри на Светскиот шампионат во атлетика до 20 години ја истрча за 20,60 секунди. Тоа беше за 0,01 секунда побрзо од времето поставено во 2002 година од тогаш 15-годишниот Болт.