(ВИДЕО) „Аркадиуш шоу“ на „Сан Паоло“: Милик го одигра полувремето на кариерата

Фудбалерите на Наполи веќе по првото полувреме од мечот во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Генк да го слават пласманот во осминафиналето.

Наполитанците на свој терен водат против Генк со високи 3:0, а интересно е дека сите три погодоци ги постигна полскиот напаѓач Аркадиуш Милик.

Дека ова ќе биде негова вечер Полјакот најави веќе во 3. минута кога го постигна првиот гол по големата грешка на гостинскиот голман.

Веќе во 26. минута беше 2:0 и тоа откако Милик погоди по асистенција на Ди Лоренцо. Пред крајот на првото полувреме, поточно во 38. минута, Полјакот повторно погоди, овојпат од пенал.

Со тоа Милик го комплетираше својот хет-трик и својата екипа практично ја одведе во осминафиналето, иако остануваат уште 45 минути од натпреварот, но Генк не би требало да го загрози италијанскиот тим.