(ВИДЕО) Англичаните и ВАР не се баш добитна комбинација

ВАР технологијата во Англија е воведена од оваа сезона.

Меѓутоа, судиите во Премиер лигата очигледно се уште не се баш најдобро навикнати дека мораат да носат одлуки по прегледување на снимката, а интересен детал беше забележан на натпреварот меѓу Борнмут и Манчестер Сити.

Давид Силва беше повеќе од очигледно згазнат во казнениот простор. Меѓутоа, по прегледувањето на ВАР беше одлучено дека нема никаков контакт и мечот беше продолжен по кратката пауза.

За среќа, оваа одлука не влијаеше на Сити кој успеа да го совлада Борнмут со 1:3.