(ВИДЕО) Анчелоти и Симеоне не можеа да се воздржат: Солзи за големиот пријател и ривал Марадона

Цел викенд Европа и светот ќе се простуваат од ненадминливиот Диего Марадона. Во пресрет на секој меч во Англија, Италија, Шпанија, Германија… натпреварите почнуваат со минута молк. А имаше и други начини на според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња да му се одаде почит. Како на пример на натпреварот Рен – Стразбур, кога играчите на двата тима се наредија и ја формираа буквата М.

Денеска посебно внимание предизвикаа тренерите на Атлетико Мадрид и Евертон, Диего Симеоне и Карло Анчелоти. Чоло едно време играше со Марадона во репрезентацијата на Аргентина, додека Анчелоти беше голем ривал со Аргентинецот кон крајот на осумдесеттите во Италија, кога Милан и Наполи спаѓаа во редовните претенденти за престолот во Италија.

Љубов и почит над се. На Анчелоти не му беше лесно да ги сокрие солзите, Симеоне се чини некако издржа…