(ВИДЕО) Анчелоти го избрка син му, па го повика играчот на Реал да му биде помошник

Реал Мадрид го победи Леванте со 6:0 и така го испрати тимот на Енис Барди во втората лига. Тоа беше натпревар во кој Реал немаше никаков резултатски императив, но сепак одигра фантастично. Лука Модриќ забележа хет-трик асистенции, а Винисиус имаше хет-трик погодоци. Свои моменти на клупата имаше и тренерот на Реал Карло Анчелоти, кој натпреварот воглавно го помина седејќи мирно на клупата.

Во еден момент својот прв помошник, синот Давиде, го помести од местото прв до себе, а го повика Едер Милитао да му биде помошник. Стоперот на Реал Мадрид ја прифати таа улога, веднаш ги зеде белешките и започна да ги проучува. Анчелоти е познат по својот пријателски однос со играчите, кои повеќе пати истакнаа дека го обожаваат италијанскиот стручњак.

Relation with Davide ended, militao is now my assistant coach -🤨 from realmadrid