Видал сега му се залепи на Тен Хаг: Зошто го избрка Роналдо? Со вакви ќелави луѓе секогаш има проблеми

Aртуро Видал се уште не рекол збогум на играњето фудбал, со оглед на тоа дека сега настапува за бразилскиот клуб Атлетико Параненсе, но често ја користи својата прилика да искоментира за актуелни теми во европскит фудбал.

Тој често се огласува на социјалните мрежи и го влече вниманието на јавноста и фановите, а сега на тапет му се најде тренерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг.

На Видал не му е јасно зошто Тен Хаг си направи конфликт со Кристијано Роналдо и зошто му ја покажа излезната врата од клубот.

Овој тренер само им нанесува штета, како можете да го отпуштите Кристијано Роналдо? Каков е тој човек. Тој беше најдобар стрелец во тимот, а тие го исфрлија. Со вакви ќелави луѓе секогаш и секаде има проблем“, порача Артуро Видал.

Но во Јунајтед не дека ги решија проблемите по заминувањето на Роналдо, туку напротив, тие се поголеми и продлабочени.