Ветеранот тврди: Цел живот ќе играм тенис

Роџер Федерер се опоравува од повредата на коленото со која се здоби претходно, но најави дека уште долго ќе игра тенис.

Неговото враќање е се уште неизвесно, делува реално дека ќе се натпреварува и следната година, но треба да се почека и да се види во каква кондиција ќе биде.

Тој последниот официјален дуел го имаше на Австралија Опен против Новак Ѓоковиќ.

Потоа учествуваше на егзибиционистички меч во Јужна Африка против Надал, но тоа беше се од него.

Само еднаш настапив од тој меч во Јужна Аф рика, се надевам дека ќе можам да играм тенис кога ќе се вратам. Кога ќе подостарам ќе играм и понатаму тенис. Се додека телото ми дозволува, ќе се забавувам. Цел живот играм тенис, се разбира оваа ситуација за мене е екстремна. Можам да играм, но само да стојам, без поголеми движења на терен“, смета Федерер.