Ветено – исполнето: РФМ им се оддолжи на репрезентативците за обезбеденото СП2023

Ракометната федерација на Македонија им ја исплати и дефинитивно ветената награда од 50.000 евра за пласманот кој го обезбедија за Светското првенство 2023 година.

Сето тоа претходно беше ветено, а денес исполнето, на сметка на сениорите ќе легнат 50.000 кои ќе може да ги поделат сите во таборот.

На патот до Светското првенство во ракомет, Македонија мораше да ги совлада репрезентациите на Чешка и Романија низ бараж квалификации.

Со тоа го продолживме континуитетот на големите натпревари и нова шанса за развивање на нови ракометни надежи од Македонија кои допрва треба да продрат до репрезентацијата и да продефилираат низ нашиот состав.

Ждрепката за Мундијалот ќе биде на 2 јули, каде ќе ги дознаеме ривалите во нашата група.