Веста потврдена: Алонсо имал сообраќајна – неговиот тим Алпин Рено излезе со детали

Шпанскиот возач во Ф1, Фернандо Алонсо е хоспитализиран во болница, откако имал голем инцидент додека возел велосипед низ улиците на Швајцарија денеска.

Шпанецот кој годинава се враќа во Формула 1, сега ќе мора да одмара и да се види дали ќе може на самиот почеток да се врати во болидот, или ќе мора да почека уште неколку недели.

Алпин Ф1 штотуку потврди дека веста е точна дека Алонсо е во болница, но исто така потврдија дека не е во животна опасност.

Можеме да потврдиме дека Фернандо Алонсо имал сообраќајна несреќа додека возел велосипед во Швајцарија. Тој е свесен и добро се чувствува. Се чекаат утрешните подетални испитувања и прегледи“, соопштија од Алпин-Рено.

Се верува дека освен напукнување на неколку коски, Фернандо Алонсо нема некои поголеми и несакани последици, но и тоа допрва треба да биде утврдено.

Алонсо во минатото со Рено беше двоен светски шампион, во 2005 и 2006 година.