Веста која го потресе соседството: Екс фудбалерот на Партизан и ОФК изврши самоубиство

Искусниот српски фудбалер Милјан Мрдаковиќ, извршил самоубиство во изнајмениот стан во Белград, пренесуваат медиумите во соседството.

Трагедијата се случила во петокот навечер.

Мрдаковиќ кој е роден во Ниш 1982 година, потекнува од школата на Раднички, потоа во кариерата прави трансфер во Партизан, а професионалната кариера ја збогатува со уште трансфер во Андерлехт од Белгија.

Во текот на кариерата која трае две децении, ги бранеше боите на уште 21 клуб, еден од играчите кој играл во најмногу клубови.

Настапуваше за Гент, Виторија Гимараеш, ОФК Белград, АЕК, а кариерата ја заврши во дресот на „романтичарите“ 2017 година.

Се уште не се познати деталите и причината за тоа што фудбалерот посегнал по својот живот.