Вест хем се засили со дефанзивец на Манчестер јунајтед

Вест хем го ангажираше дефанзивецот, 26-годишниот, Арон Ван-Бисака од Манчестер Јунајтед за 15 милиони фунти кој потпиша седумгодишен договор со „чеканите“. Ван-Бисака, кој е роден во Лондон, додаде дека е „неверојатно чувство“ да се вратиш во главниот град.

Ван-Бисака замина од Кристал Палас во Манчестер јунајтед за 50 милиони фунти во 2019 година. Тој одигра 190 натпревари за „црвените ѓаволи“.

Дефанзивецот е осмото засилување на Вест хем летово, приклучувајќи им се на Жан-Клер Тодибо, Крисенсио Самервил, Луис Гилјерме, Никлас Фулкруг, Вес Фодерингем, Макс Килман и Гвидо Родригез кои се преселија клубот од западен Лондон.

Ван-Бисака ја загуби стартна позиција по назначувањето на Ерик тен Хаг во 2022 година, иако настапи на 64 меча под водство на Холанѓанецот во минатите две сезони.

Ангажманот на бекот на Баерн Минхен, Мароканецот, Нусаир Мазрауи зависеше од тоа дали Ван-Бисака ќе им се приклучи на „чеканите“.

Вест Хем ќе ја почне кампањата во Премиер лигата во сезоната 2024/25 против Астон вила на 17 август. Манчестер јунајтед е домаќин на Фулам, на 16 август.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО