Веруваат дека се силни да го загрозат Мерцедес во новата сезона

Првиот ГП во Формула 1 полека но сигурно почнува, возачите веќе се подготвуваат за австринското Гран при кое ќе донесе многу публика, но пред малите екрани.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен верува дека Мерцедес имаат добра спецификација за првата трка, но дека тие се посилни во овој момент.

Се надевам дека ќе бидеме посилни, но тоа е тешко да се каже. Се разбира дека ќе сториме се што можеме, Мерцедес е доста силен тим кој треба да го победиме. Тие и понатаму се силни, ќе биде тешко, но мислам дека ние се намачивме минатата година и сега сме силни. Ќе биде многу убаво ако им парираме за титулата“, порача Верстапен.

Непознато е уште какви резултати ќе понуди Ферари на првите тестирања, од каде ќе добиеме смерница околу тоа како ќе се одвива сезоната.