Верстапен за екс Ф1 шампионот: Не ми требаш ти за да ми кажеш како треба против Хамилтон

Макс Верстапен му одговори на Нико Розберг, кој го критикуваше по трката за ГН на Португалија, каде го освои второто место зад Луис Хамилтон.

Холандскиот возач сметаше дека веднаш треба да одговори на прозивките околу трката на која можеби и можеше да оствари подобар резултат од второто место.

Макс направи премногу грешки, тоа не смее да си го дозволи во трки против Лус Хамилтон. Се плашам за него во остатокот од сезоната, затоа што се повеќе сфаќа колку е добар Хамилтон во споредба со него. Мора совршено да вози за да го победи“, беше пораката на Розберг, а на тоа, Макс возврати:

Не ми е потребен Нико за да ме учи како треба против Хамилтон. Знам и самиот дека е добар, доколку не беше така, немаше да има седум светски шампионски титули. Знам сам за себе како треба на патеката“, порача Верстапен.

Холанѓанецот по три трки е второпласиран во генералниот поредок со 61 бод, -8 помалку од лидерот Хамилтон.