Во последните квалификации во овогодинешната сезона во Формула 1, Ред Бул ги заклучи првите две позиции.
Актуелниот шампион Макс Верстапен ја освои пол-позицијата, седма сезонава, а од второто место ќе стартува Серхио Перез.
Верстапен го објави најбрзиот круг за 1:23.824.
Следуваат две Ферари – Шарл Леклер на третото и Карлос Саинц на четвртото место, а потоа следат два Мерцедеса – Луис Хамилтон и Џорџ Расдел.
Возачот на Мекларен Ландо Норис тргнува од седмото место, осми беше Естебан Окон во неговиот Алпин. Деветтото место го зазеде Себастијан Фетел, а зад него е Даниел Рикиардо.
Во недела од 14 часот се вози последната трка сезонава во која можеби ќе имаме шампион, но сепак не е се решено. Преносот е на Спорт клуб 3.