Верстапен среќен поради пол-позицијата: Сега конечно ќе престанат да ме прашуваат за пол-позиција

Макс Верстапен од Ред Бул е квалитетен возач и се повеќе напредува во кариерата.

Тој денеска го заработи својот прв пол, или пол позицијата, освојувајки на патеката Хунгароринг, во Унгарија.

Нему честопати го прашуваа фановите на социјалните мрежи кога ќе го освои некогаш првото место на квалификациите, а тоа се случи конечно денеска.

Самиот Верстапен по првата пол-позицијата токму истото го потенцираше, дека веќе има аибидека освоил пол позиција.

По оваа полпозиција, позната ми е само една работа, ако почнете агресивно на стартот, можете да ја контролирате трката. Многу напорно работевме овој викенд на подобрување на моторот. Денеска успеавме сами да се турнеме напред и да освоиме пол“.

„Сега конечно можат да престанат прашањата на моја сметка кога ќе се случи првата пол позиција. Оваа пол позиција за мене е важна. Некогаш ми недостасуваше и среќа да ја освојам, но денеска болидот беше перфектен, немав грешки и бев најбрз“, истакна Верстапен.

Трката утре на Хунгароринг стартува од 15:10 часот.