Верстапен со скршено срце твитна по кошмарот во Баку

Несомнено дека еден од најголемите губитници денеска во Баку со Луис Хамилтон е Макс Верстапен, кој беше на прагот да го зголеми водството во генералниот поредок.

Но неговата трагедија се случи на 5 кругови до крајот на трката, кога му експлодира задниот лев пневматик и го остави без пласман.

Веднаш потоа, сите останати се острвија на позиција понапред по откажувањето на Верстапен. Сето тоа можеше жестоко да го капитализира Луис Хамилтон, кој воден од страшната желба да надополни максимално, направи повеќе од аматерска грешка и остана и тој без бодови.

По трката, Верстапен твитна и порача дека неговото срце е скршено по оваа трка.

Со скршено срце по оваа трка, но среќен сум за тимот, честитки до Чеко Перез на победата. Болидот, пит-стопот и стратегијата, се беше перфектно, благодарност до Ред Бул. Повеќе не би коментирал“, порача холандскиот возач.

Тој останува со +4 предност во генералниот поредок пред Луис Хамилтон.