Верстапен си го рече своето: Луис возеше неодговорно, па ако нему не му е гајле и мене не ми е!

Колку е само нетрпеливоста сезонава меѓу сите возачи, сведочи и вчерашната ситуација меѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон.

Британецот иако е на 4. бода од шампионска титула, сепак знае да предизвика гнев кај неговата конкуренција, поточно овој пат му замери Макс Верстапен.

Заземајки секој подобра позиција пред последниот квалификациски циклус, поради очекуваното бавно возење пред брзиот круг, Хамилтон го мина Верстапен, а овој побрза да се пожали на тимското радио и веднаш да ја зграби својата позиција назад со тоа што тој го претекна потоа на следниот свиок.

Луис вози како да не му е гајле за останатите, бевме во линија за последниот круг, пред мене мислам беше Себастијан од Ферари а потоа и Леклер, тогаш сите забавувавме и потоа Хамилтон едноставно прелета преку мене, како да не му е гајле за останатите. Па си реков, ако тебе не ти е гајле, и мене не ми е“ , рача Верстапен.