Верстапен повикан кај судиите: Дали ќе му го одземат најбрзиот круг во квалификациите?

По квалификациите во Катар, Макс Верстапен е повикан кај стјуардите на ФИА поради наводно непочитување на жолтите знамиња за време на брзите кругови.

Верстапен утре ќе стартува од 2. позиција, веднаш зад Луис Хамилтон, но откако Пјер Гасли излета во квалификациите, жолтите знамиња биле развиорени, а Верстапен тоа не го видел.

Холандскиот возач добил сигнал од стјуардите во третиот сектор, каде Гасли излета, но не ги испочитувал.

Возачите за време на жолти знамиња се должни да ја намалат својата брзина и да ги отфрлат своите брзи кругови, а токму во кругот кога биле покажени жолтите знамиња, Верстапен го одработи најбрзиот круг, кој сега може да му биде одземен. Одлука околу евентуална казна на Верстапен ќе добиеме утре од 10 часот, за кога најавија официјална потврда од ФИА.

Слушнав за тоа по сесијата“, рекол Верстапен, па сега останува да се види дали ќе има казна и дали тој ќе назадува некоја позиција на стартот.