Верстапен: Ова беа уште едни „глупи“ квалификации

Макс Верстапен по завршувањето на квалификациите во Баку, истакна дека поминале уште едни „глупи“ квалификации, алудирајки на тоа како се заврши квалификацискиот ден на претходната трка во Монако, кога Леклер се заби во заштитната ограда и си обезбеди пол-позиција, а нешто слично се случи и денеска, кога и тој имаше сличен инцидент во свиокот број 15.

Шарл Леклер и денеска успеа да биде најбрз пред конкуренцијата, што беше доживеано како изненадување кај целокупната спортска јавност, но и денеска како и во Монако, квалификациите не беа комплетно завршени, бидејки повторно имаше истакнато црвено знаме, овој пат поради инцидентите на Јуки Цунода и Карлос Саинц.

Верстапен веројатно сметајки дека имал шанси да го симне Леклер од провизорната пол-позиција, ги нарече и овие квалификации глупави.

Ова беа уште едни глупи квалификации да бидам искрен. Сите работеа на тоа да го подобрат својот брз круг, но кога вакви срања се случуваат на патеката во финишот и не ми е гајле баш многу. Како што реков, нашиот болид е силен и се надевам дека утре со добро менаџирање на гумите, ќе оствариме добар резултат“, порача Холанѓанецот.

Тој е моментално лидер во генералниот поредок со +4 бодови предност пред шампионот Луис Хамилтон.