Верстапен не ја затвара вратата за трансфер во Ферари: Ако се случи тоа..

Макс Верстапен како да се обидува да флертува и со Ферари, иако во својот Ред Бул овие три години максимално ја гази својата конкуренција.

Тој тврди дека кога ќе му истече договорот со Ред Бул, ќе може и понатаму да „прави големи работи“ во кариерата, со оглед на тоа дека има се уште 31 година.

Знам дека Ферари има неверојатна историја во Формула1 и дека се одлична екипа. Кога ќе ми истече актуелниот договор, ќе имам 31 година и ќе бидам во ситуација и понатаму да правам големи работи“, порача Верстапен.

Во една таква ситуација, Макс Верстапен веројатно сонува и да седне во болидот на Ферари еден ден.

Ако се случи тоа, ќе се случи, но среќен сум сега таму кај што сум. Лично немам преголема желба да возам за некој тим по секоја цена. Мојата најголема желба е да ги сочувам сите три болиди со кои возев и со кои ги освојував шампионските титули, но и оној на Михаел Шумахер од 2004, кога последен пат беше шампион. Тоа е неверојатен болид, но не знам кај да го купам. Упатувам апел до Џон Елкан, се надевам дека ќе ме повика и ќе разговараме како можат да го купам болидот на Шуми“, порача Холанѓанецот.