Верстапен направи голема грешка – Хамилтон на пол-позиција!

Луис Хамилтон повторно ќе стартува од пол-позиција, овој пат на трката за ГН на Саудиска Арабија.

Тој до неа стигна така што Макс Верстапен во својот летечки круг направи неверојатна грешка, тој буквално согоре во желбата да постави подобро време од Луис Хамилтон, па на крајот таа грешка скапо ја плати.

Хамилтон до првото место во квалификациите дојде со десетинка предност во однос на тимскиот колега Валтери Ботас, кој на утрешната трка ќе стартува од втората позиција.

Верстапен по претходно поставено време ќе стартува од 3. позиција, потоа следува Шарл Леклер, Серхио Перез, Пјер Гасли, Ландо Норис, Јуки Цунода, Естебан Окон и Антонио Џовинаци во топ10.

Утре е претпоследна трка сезонава, а Верстапен има +8 бодови предност пред Хамилтон, што значи дека Холанѓанецот утре мора да притиска и да надополни она што го загуби во денешните квалификации.