Верстапен: Хамилтон може сам за себе да мисли дека е бог во Ф1!

Макс Верстапен неодамна потпиша нов договор со Ред Бул, а со тоа стави крај на шпекулациите дека ќе се пресели во друг Ф1 тим.

Верстапен уште како тинејџер доби шанса во екипата на Ред Бул, која ја искористи до максимум. Холанѓанецот израсна во неверојатен возач, потенцијален иден шампион, возач од кој многу се очекува во иднина.

Се очекуваше Верстапен да го промени тимот, имаше и шпекулации за неговата иднина, но сепак тој потпиша договор со „лименките“.

Тој при потпишување на договорот со тимот од Австрија, истакна дека Хамилтон не е господ во Ф1.

Луис е доста добар возач, сигурно еден од најдобрите во историјата на овој спорт, но не е некој бог. Можеби е бог за самиот себе, но тој самиот не е некое божанство. Сигурен сум дека во новата сезона може да направиме притисок на него и потоа ќе видиме кој е кој“, истакна Верстапен.