Верстапен до победа со сигурносно возило – прв триумф во срцето на Ферари за Холанѓанецот

Макс Верстапен ја продолжи серијата на победи оваа сезона, тој денес триумфираше на Монца, во срцето на Ферари и најави уште една титула во шампионатот.

Холанѓанецот прв пат во кариеата слави во Монца, немаше ниту еден подиум на оваа патека, но затоа ја запиша 11. победа сезонава, вкупно 31. во кариерата.

Актуелниот шампион направи уште еден чекор до нова титула, а беше подобар од Шарл Леклер, кој успеа да дојде до само втората позиција, на третото скалило се искачи Џорџ Расел од Мерцедес.

Верстапен со Ред Бул стартуваше од 7. позиција, но уште по првиот круг, тој се најде на 4. позиција, што само му го олесни патот до победата на крајот.

По оваа трка, Верстапен има 335 бодови и уште поголема разлика пред Леклер, со +116 бодови, Леклер има 2019, додека Перез има 210 во генералниот поредок.

Следната трка се вози во Сингапур на „Марина Беј“ на 2 октомври.