Верата му е најважна: Демба Ба доби отказ зошто одби да го прекине постот за време на меч

Напаѓачот Демба Ба ја прекина соработката со Башакшехир во средината на април.

Оваа информација првично ги изненади сите, особено поради фактот што клубот од Истанбул очекува борба за опстанок.

Турските медиуми, како и угледниот Скај Спорт, ја пренесоа веста дека Ба е отпуштен од клубот затоа што одбил да го прекине постот.

Имено, сенегалскиот напаѓач постел во текот на месецот Рамазан и не сакал да го прекинува постот поради тренинзи и натпревари. Наводно, стручниот штаб на Башакшехир не сакал вакво размислување, бидејќи клубот имал одлучувачки натпревари.

По овие пишувања, се огласи и Демба Ба.

“Не знам, се сомневам дека тоа е причината. Сите ги почитуваме нашите религиозни убедувања. Во клубот има повеќе играчи кои постат. Мислам дека ова е приказна за да се скрие нешто друго. Се чувствував среќен во Башакшехир, го дадов својот максимум, но така е и во животот, време е за нови предизвици “, рече Ба.

Инаку, недоразбирањето на релација Ба – Башакшехир, се случи пред градското дерби против Фенербахчес, кое се играше на 18 април.