Венгер верува во Арсенал: Не сум песимист, екипата има потенцијал

Арсен Венгер верува дека Арсенал ќе се „разбуди“ и ќе игра многу подобро во остатокот од сезоната.

Арсенал само што ја оствари првата победа викендов против Норич, а навивачите и понатаму се незадоволни.

Топџиите не заштедеа пари летово, пристигнаа засилувања, но на теренот изгледа многу лошо.

„Јас сум навивач на Арсенал, затоа е чувствително кога зборувам за клубот. Можеби е подобро да не зборуваме. Имавме две тешки натпревари на почетокот, јас не сум песимист. Сакам момците да закрепнат што е можно поскоро и мислам дека ќе се опорават. Потенцијалот е таму “, рече Венгер.

По четири одиграни кола, Арсенал е само на 16 -то место со една победа и три порази.

Тие ќе бараат нови бодови за викендот на гостувањето кај Барнли.