Венгер најавува: На СП во Катар ќе има ново – полесно правило за офсајд

Некогашниот тренер на Арсенал, Арсена Венгер, кој сега работи во ФИФА во секторот за напредување на фудбалот, верува дека судиите ќе имаат далеку полесна задача на Светското првенство во Катар идната година.

Според Венгер на СП2022, судиите треба да имаат систем кој автоматски ќе им јавува дека некој фудбалер и милиметар е во офсајд, по што би дошла брза сигнализација за недозволена позиција.

Верувам дека таквиот систем ќе биде подготвен за Мундијалот во Катар идната година. Автоматизирам офсајд ќе значи дека помошниот судија автоматски ќе добие сигнал на часовникот дали станува збор за офсајд. Моментално е доста неизвесна ситуацијата во која играчите додека се во контранапад, размислуваат дали судијата ќе им го крене знаменцето во воздух“, истакна Венгер.

ФИФА по СП во Катар размислува тоа да го воведе и во целиот светски фудбал, во сите првенства, попознато како „Венгер правило за офсајд“.