Веќе нема дилеми: По ова е јасно дека Икарди е блиску до Јувентус

Јувентус денеска отпатува на турнеја по Азија, во авионот ги нема Ремзи, Кен, Кедира, Пјаца и Кјелини. Го нема ни голманот Перин кој се обидува да ги мине лекарските прегледи во Бенфика.

Интересно е дека се поделени броевите, како што и најави, Буфон нема да ја носи „единицата“ која му ја понуди Шчесни, туку го зеде бројот 77. Де Лихт ја доби „четворката“, Ремзи „осумката“, Рабио „25“, а Демирал „28“.

Токму тука се доаѓа до важното, Јувентус во моментов нема „деветка“, бидејќи Игуаин не го доби својот стар број по враќањето во Торини, јасно е и зошто, а популарниот „Пипита“ го зеде бројот „21“. Бројот кој го носи водачот на нападот се чува, а јасно е дека е наменет за Икарди.

Јувентус очекува Игуаин да ја прифати понудата и да се пресели во Рома, со што ќе му отвори место на Икарди кој ќе ја добие „деветката“, има веќе договорена плата од 8 милиони евра плус бонуси.

Интер бара 60 милиони за поранешниот капитен, на кого не смета, но Јуве ќе чека, од рака им оди што Аргентинецот ги одбива сите понуди, Паратичи верува дека за 40 милиони ќе го добие овој напаѓач.

Јуве в недела игра против Тотенхем во Сингапур, потоа летаат во Кина, каде ги очекува дуел со Интер. Интересно е дека Турчинот Демирал кој го бараат Милан и Јунајтед, иако штотуку пристигна во Јуве, по мечот со Тотенхем ќе се врати во Италија. Не станува збор за трансфер, туку поради лошите односи меѓу Кина и Турција, па тој не доби виза да влезе во оваа азиска земја.