Вчера имаше пех со Ферари, а денеска пред самата трка, Леклер слави победа!

Шарл Леклер вчера имаше пех со Ферари, не успеа да забележа време во последниот квалификациски тајминг, но денеска се израдува на победа.

Имено, Леклер денеска ќе стартува од 10 позиција на Хокенхајм, а нешто порано, неговиот брат Артур Леклер, успеа да победи во Формула 4.

Шарл Леклер беше еден од првите кои му честитаа победа, а сето тоа го овековечи и со видео материјал.

Можеби победата на Артур ќе биде добар поттик за Шарл Леклер денеска да направи добар резултат на истата патека.