Важна победа за Блокотехна во БИБЛ против Академик, пред дербито со Кожув

Првосезонскиот настап на Блокотехна во БИБЛ првенството помина триумфално, тие вечерва славеа против бугарскиот претставник Академик Пловдив со резултат 89:74.

Гевгелиската екипа беше далеку подобар противник и буквално во првите 10 минути се знае правецот кон каде ќе се движи мечот.

28:19 беше резултатот по првите 10 минути, а на полувреме домаќините заминаа со +7, или 50:43.

До крајот на натпреварот, Блокотехна рутинирано си ја чуваше предноста и оствари прв триумф сезонава во БИБЛ.

Убедливо најдобар кошаркар кај екипата од Гевгелија беше Пеџа Мијатовиќ со 37 поени. Следното коло во БИБЛ, Блокотехна пак игра на домашен терен, овој пат против косовската екипа Башкими, а претходно им следува градското дерби со Кожув во домашното првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално „шут-карта“ за Олимпијакос од грчкото првенство

Работнички подобар од МЗТ, познати двојките за полуфиналето

Дончиќ ја предводи најдобрата руки петорка во НБА лигата

ВИДЕО: Ново финале за Голден Стејт – Кари повторно главен диригент

(ВИДЕО) Комендија во Грција: Ваков циркус нема ни во селска лига

Ефес е добар, ЦСКА е најдобра!

(ВИДЕО) Перо Антиќ каков што ретко го имате видено

(ВИДЕО) „Воините“ никогаш не се предаваат, добија загубен натпревар

Работнички со порака по назначувањето на Антиќ за претседател на КФМ