Стан Вавринка беше очигледно незадоволен од арбитражата на судијата на натпреварот против Корентан Мута, па му се нафрли со погрдни зборови.
Вавринка е прилично смирен тенисер, или барем важи за таков, но очигледно овој пат беше со краток фитил.
Причината за реакцијата на Вавринка беше ладната вода, според Вавринка недозволиво е тенисерите да добиваат премногу студена вода.
„Дали мислиш дека е нормално на еден гренд слем турнир да добиете ваква вода? Зарем не може овде да добијам вода со нормална температура? Ова не е нормално“, му порача Вавринка на судијата.
Can someone please get Stan Wawrinka some “normal water” 😂 pic.twitter.com/ZWLTGLihaL
— Vivek Jacob (@vivekmjacob) May 23, 2022