Вавринка ја има нај „шик“ фотографијата од изолацијата: Покажа кој занает го учи деновиве

Многу од славните спортисти деновиве кога се во домашна изолација, се обидуваат да бидат шегобијни, но и да се забавуваат преку социјалните мрежи.

Еден од нив е и тенисерот Стен Вавринка, кој во слободно време реши да учи како се работи на фотошоп.

Со цел да покаже и докаже што научил од познатата апликација, тој направи една доста интересна фотографија.

На истата фотографија, се наоѓа само тој, во повеќе изданија, се обиде да покаже што се работи и во какви положби за време на изолацијата.