Ваучер – ФИЈАСКО: Сите се незадоволни – прстите вперени во АМС

Новиот систем за државна помош и олеснување на спортот преку т.н. ваучери со душа го очекуваа сите спортски колективи. Истиот уште пред да биде воведн може слободно да кажеме беше осуден на „пропаст“.

Уште пред да биде изгласан сите кренаа глас и кажаа дека критериумите се нелогични, а впрочем и дали има критериуми и како се делат.

Се чекаше толку многу и се дочека по подолго време но со промената на Законот за спорт од Министерството за финансии, се случи да тој ваучер да доживее Фијаско.

Нема клуб или Федерација, а која што не е незадоволна. Негодуваат сите, кошаркарите, ракометарите и фудбалерите. Од ракометните и кошаркарските второлигаши стигна јасна порака, ако нема ваучери нема да се игра во новата сезона. Незадоволството е големо и кај фудбалските екипи кои не добија ваучери, но и оние кои добија а тоа се скромни пари во однос на нивните буџети.

Иако најавите беа дека сите ќе добија по малку, на крај многумина извисија. Не е јасно според кои критериуми се доделни ваучерите. За илустрација, има клубови кои добиле ваучер а постојат само две години и притоаа немат никаков позабележителен успех.

Сите прсти се вперени кон АМС од каде што се уште нема конкретен одговор или реакција. Наместо ови ваучери да донесат подобро утро на македонскиот спорт се покажаа како големо фијаско за разочарување и поголем удар и за така климавиот македонски спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) УФЦ нокаут каков што не се памети: Додека трепна – го посла на рингот

ШОК: Играч на ЛА Енџелс на неколку часа пред мечот почина во хотелска соба

(ФОТО/ВИДЕО) Скопје го пречека европскиот шампион, а Алили порача: Одам по олимписки медал!

Србија во неверојатен меч славеше во супер-дербито со Хрватска и ја освои Светската лига

Трагедија: Познато одбојкарско лице по свадба доживеал срцев удар и починал

Алили се враќа од ЕП со златен медал за Македонија

Најдобриот македонски одбојкар кариерата ја продолжува во Бундес лигата

ВИДЕО: Фјури го нокаутираше Шварц и најави „лов“ на Вајлдер

(ФОТО) Српската одбојкарка ги изненади сите – позираше потполно гола