Васер објасни од каде идејата Саинц да остане во ДРС зона со Норис и практично да си ја спаси победата

Ферари успеа конечно да ја прекине доминацијата на Ред Бул и серијата на Макс Верстапен од 10 победи по ред сезонава.

Сето тоа се случи на Сингапур годинава, откако Ред Бул прво имаа ужасни квалификации, а тоа на мускули го изнесоа во Ферари, каде Карлос Саинц од пол-позиција дојде до победата.

Но на таа победа и претходеше интересна завршница, со малку „игри на умови“, посебно од искуството на Карлос Саинц, кој имаше брилијантна разрешница на трката во негова корист.

Првиот човек во гаражата на Ферари, Фредерик Васер, по трката призна дека идејата да остане во секунда со вториот Ландо Норис последните 4-5 кругови, со цел да му даде одбранбен систем на Норис во болидот на Мекларен, била на самиот Саинц, идеја која практично ја спаси неговата трка и му ја сочува победата.

Можам да потврдам дека тоа беше навистина идеја на Карлос, не би сакал да кажам очигледно, тоа е едноставно така, тој знаеше дека има голем ризик да ја загуби својата позиција, но го одбра тој пат. Знаеше дека вистинската закана доаѓаше од Мерцедес, а не од Норис. Возачот на Мекларен имаше исти гуми и исто темпо со Саинц од круг во круг. Ние немаше да се согласиме на таков ризик, но одлуката беше сепак негова за ДРС зоната и тоа му успеа“, порача Васер.