Вардарска доминација во СЕХА: Четири ракометари на Вардар во идеалниот тим!

Македонскиот ракометен шампион Вардар има четворица претставници во идеалниот тим на СЕХА лигата за регуларниот дел од сезоната.

Капитените на сите СЕХА тимови добија задача да го изберат идеалниот тим на регионалната лига, а според нив, место во екипата добија четворица ракометари на Вардар, што е и до некаде очекувано, со оглед на тоа дека нашиот шампион заврши како првопласиран во регуларниот дел.

Во идеалниот тим на СЕХА лигата место најдоа голманот Дејан Милосављев, Тимур Дибиров е најдобро лево крило, Игор Карачиќ е најдобар среден бек, а Даинис Кристопанс е најдобар десен бек.

Место во идеалниот тим на СЕХА најдоа и Петар Ѓорѓиќ од Мешков, пивотот Марин Шипиќ од Нексе, а најдобар одбрамбен играч е Павел Хорак од Мешков. За МВП на регуларниот дел е избран Златко Хорват од ППД Загреб, а Маноло Каденас од Мешков е најдобриот тренер.

Идеалниот тим на СЕХА е целосно составен од играчи на екипите кои ќе играат на фајнал-фор турнирот во Брест.

Полуфиналето од завршниот турнир е закажан за 2. април, а Вардар ќе се соочи со домаќинот Брест, додека во вториот полуфинален дуел ќе играат ППД Загреб и Нексе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одредени групите за новата СЕХА сезона – познати ривалите во група за Вардар и Еурофарм

Екс репрезентативецот најново засилување на Металург

Мојсоски не мрда од Бутел

Осумина денес парафираа нова верност кон „работниците“

Пановски го објави списокот за ЕХФ шампионатот во Италија

Металург се засили со нов Грузиец -Кбилашвили: Доаѓам во земја во која ракометот е спорт број еден

ВАРДАР ИМА СЕ: Титула, најдобри играчи и – АСИСТЕНЦИЈА НА СЕЗОНАТА!

Директорот на Вардар за новот засилување: Иако е млад, препознавме квалтет кој очекува да доби и потврда

Европскиот шампион со ново засилување: Вардар се засили со Словенец