Вардарки победнички тргнаа во Албанија – следен предизвик Партизани

Одбојкарките на ЖОК Вардар успешно ја стартуваа мини-турнејата низ Албанија откако рутински славеа на вечерашниот натпревар против Хули Волеј со 1-3 во сетови.

Почетниот сет донесе мали проблеми за нашите одбојкарки, кои не го стартуваа мечот во посакуваниот ритам, па домаќинот на натпреварот славеше со 22-25.

Експресно следеше консолидација и израмнување со иста мера, за победа во вториот сет со идентични 25-22, по што „црвено-црните“ уште повеќе добија на самодоверба во остатокот од мечот. Третиот сет заврши со триумф на Вардар од 25-20, за во четвртиот целосно да биде декласиран противникот, со убедливи 25-14.

„Црвено-црните“ утре ги очекува уште една контрола против ривал од Албанија, во 16 часот ќе ги одмерат силите со Партизани од Тирана.