Вардарци доминираат во идеалниот тим – Циндриќ прогласен за МВП

19

Сосема заслужено, Вардар покрај новата титулата во СЕХА лигата, доминира и во индивидуалните призанија, поточно во идеалниот тим.

Дури четири ракометари на „црвено-црните“ се наоѓаат во „Ол стар“ тимот каде што место најдоа Арпад Штербик како најдобар голман, Тимур Дибиров на лево крило, Лука Циндриќ на централен бек, додека признанието за најдобар дефанзивец замина во рацете на Илија Абутовиќ. Прито за МВП беше прогласен Лука Циндриќ.

Со поединечни призанија се закитија и „плинарите“ Златко Хорват за најдобро десно крило, Домогој Павловиќ на лев бек, Жига Млакар од Целје за најдобар десе бек, додека призанинето за нај пивот му припадна на Вјачеслав Шумак од Мешков Брест.