Вардар завери билет за финалето од купот: Талески и Дибиров предводници на „црвено-црните“

Вардар оствари победа на првиот натпревар од „фајнал-фор“ турнирот во Купот на Македонија против Еурофарм Пелистер 2 (24:28), во мечот одигран во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

На оваа средба Филип Талески и Тимур Дибиров беа главни актери со по девет голови, кои ја диригираа играта и победата на Вардар на оваа средба, каде заверија место во финалето, каде ќе играат против подобриот од натпреварот против Еурофарм Пелистер и Бутел од Скопје.

Иако Еурофарм Пелистер 2 има доста млада екипа, сепак немаат доволно искуство за да му парираат на еден Вардар, па победата за тимот од Скопје беше само рутинска работа.

Во редовите на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен ракометар беше Петровиќ со 6 постигнати голови.