Вардар замина за Анталија!

Утринава вардаровата експедиција замина на подготовки во Анталија, Турција. Вардарци попладнево ќе пристигнат во турскиот туристички центар, и таму ќе бидат до 4. февруари, за кога е предвидено враќањето во Скопје.

Во Анталија, експедицијата ќе биде сместена во два хотели. Од 15.01 до 25.01, Вардарци ќе отседнат во „Miracle hotel”, а од 25.01 до 04.02 нашиот тим ќе биде сместен во „Titanic beach hotel“.

Како што е познато, покрај тренинзите, ќе бидат одиграни и шест контролни натпревари, со цел екипата подобро да се воигра за пролетниот дел од сезоната.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО АНТАЛИЈА:

20.01. – Вардар – Хајдук (Хрватска)

23.01. – Вардар – Динамо Киев (Украина)

26.01. – Вардар – Бачка Топола (Србија)

29.01. – Вардар – Црвена Звезда (Србија)

02.02. – Вардар – Борац Бања Лука (БИХ)

03.02. – Вардар – Мура (Словенија)