Вардар веднаш назначи наследник на Радуловиќ на тренерската позиција

Откако беше потврдена разделбата на КК Вардар вчера со тренерот Дарко Радуловиќ, јасно беше дека клубот ќе тргне во потрага по нов тренер.

Но денеска пристигна информација дека Александар Јованчев е веќе планиран како предводник на „црвено-црните“.

По низата добри резултати во помладите категории на Вардар, ова ќе биде важен скок и предизвик во кариерата на Јованчев.

Исто така, помошник на Јованчев во тимот на КК Вардар ќе му биде Александар Ашаданов, двајца тренери кои одлично се познаваат и ќе бидат компактен двоец за потребите на Вардар.