Вардар успеа да обезбеди полуфинале во СЕХА, Вујовиќ нотираше слабост во составот

Вардар беше поразен на гостувањето кај ППД Загреб во рамки на четвртфиналниот меч од СЕХА лигата со 25:22, но успеа да ги додржи тие +4 кои ги носеше од Скопје.

Во Скопје „црвено-црните“ триумфираа со резултат 24:20 и тоа сега им дава право да се радуваат на ново полуфинале во СЕХА лигата.

Инаку, Вардар е единствената екипа што 10. пат ќе разигрува за трофејот во ова натпреварување.

Последните пет минути мислам дека игравме доста лошо. Доколку не беше така, резултат ќе беше далеку поповолен за нас. Но очигледно се мачевме во нападот, токму на таа проблематика ќе мора да поработиме повеќе“, порача Веселин Вујовиќ по натпреварот.

Во битка за финалето, Вардар ќе удри на Мешков Брест, екипата која претходно го елиминира Еурофарм Пелистер.