Вардар со победа и пласман во 1/4финалето од СЕХА за крај на сезоната

Освојувачот на двојната круна во македонскиот ракомет, екипата на Вардар во последниот меч од сезоната славеше победа.

„Црвено-црните“ во реванш мечот уште еднаш славеа над српскиот клуб Металопластика со 26-23 и со тоа го заверија пласманот во четвртфиналеот од СЕХА лигата каде што ќе ги чека ППД Загреб.

Како што е познато продолжението на СЕХА лигата, односно завршницата е планирана за август. Воедно денешниот меч против српскиот претставник беше и последен на клупата на Стевче Алушовски кој заминува, а на негово место доаѓа Веселин Вујовиќ.

Што се однесува до денешниот меч, во редовите на победничката екипа најмногу се истакна голманот Кизиќ со 17 одбрани. Воедно и за него ова беше проштален меч од „црвено-црните“ со оглед на тоа што од лето се сели во Еурофарм Пелистер.

Шеваљевиќ и Дибиров со по пет погодоци беа најефикаснки кај Вардар, додека кај Металопластика тоа беше Дукиќ со шест гола.