Вардар со непријатно изненадување: Среде Скопје поразен од Мешков Брест

Вардар останува лидер во СЕХА Газпром лигата и покрај поразот од Мешков Брест 30-32 во 16. коло од регионалното натпреварување. Ова беше последен меч пред домашна публика сезонава во СЕХА Газпром лигата за Вардар, и сега остануваат уште две гостувања, кај Нексе и Извиѓач.

„Црвено-црните“ за четири дена одигра два тешки натпревари, и по трумфот над Монпелје беше тешко да се одигра на исто ниво, особено кога веќе се сигурни учесници на Ф4 турнирот.

Притоа вреди да се напомене дека поради повреда недостасуваат три важни играчи во тимот. Мешков триумфираше во Скопје, 32-30 што беше трет пораз за „црвено-црните” сезонава во СЕХА лигата.

Вардар – Мешков 30-32 (16-17)

ВАРДАР: Гедбан (2 одбрани), Милосављев (7 одбрани), Стоилов 2, Кукуловски, Недановски, Поповски 1, Кристопанс 3, Мораеш 1, Карачиќ 1, Скубе 6, Калараш, Чупиќ 5, Дибиров 6, Шишкарев 1, Војводиќ 3, Кисељев 1.

МЕШКОВ БРЕСТ: Пешиќ, Мацкевич, Јашчанка, Кучак 4, Бачко 2, Јуринок 2, Потеко, Ивиќ 6, Шумак 3, Баранов 2, Разгор, Селвијасјук, Ѓукиќ 3, Ѓорѓиќ 8, Шилович 2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вардарска доминација во СЕХА: Четири ракометари на Вардар во идеалниот тим!

Талески и Рајн Некар патуваат со +2 кај Нант и Лазаров на реваншот во ЛШ

ЕХФ ги отпиша „црвено-црните“: Вардар нема да игра во Келн!

Кина ќе игра против Вардар !?

Вардар иако некомплетен, лесно се справи против Извиѓач: А сега фокусот на „плинарите“ и ЛШ

Најави за нови заминувања од Вардар – се води кон реализација на „рускиот проект“

И Карачиќ го напушта Вардар: Хрватскиот ракометар се сели во Полска!

Брестовац посакува Металург со триумф да го финишира СЕХА првенството

Повеќе нема дилема: Познато каде ќе биде завршниот Ф4 во СЕХА