Вардар со најголем бенефит по првата фаза од ЕП: Алушовски барем може да биде задоволен

Ако некој треба да биде задоволен ако може така да кажеме посл ова ЕП е актуелниот европски првак Вардар.

Причината за ова е што сите осум репрезентативци кои ги дава од своите редови веќе по првата фаза од европскиот шампионат се враќаат дома.

Ова значи дека порано од планираното ќе се стават на располагање или пак ќе добија поголем одмор што секако е добро сооглед на тешката полусезона што ги очекува „црвено-црните“.

Капитенот Стоилов со Македонија ги заврши настапите, како и Кристопанс и Кугис со Латвија. Вечерва Русија го има последниот дуел со Данска кој за нив е без резултатско значење сооглед што и за нив шампионатот е готов по првата фаза

Тоа значи дека Дибиров, Шишкарев, Калараш, Атман, Горбок, како и тренерот на голманите Периќ се враќаат во Скопје.